Неодамна од печат излезе српскиот превод на книгата со детски пиеси „Волшебниот компас“ (Чаробни компас) од Сашо Огненовски. Во книгата се наоѓаат пет детски пиеси: Новогодишни забуни, Новогодишна вртелешка, Обична бајка, Новогодишен споменар и Волшебниот компас. Ова е прв превод на неговите пиеси на српски јазик. Промоцијата на српскиот превод е планирана за почетокот на април во Белград.
Пиесите на Огненовски, кој е актер и писател, изминативе години беа поставувани на сцената на Битолскиот театар, а беа изведувани и како независни проекти. Македонската верзија е издадена во две книги во 2002 и 2011 година. Огненовски досега издал три книги поезија, две пиеси за возрасни и две книги пиеси за деца.