„Втора генерација“ промовираат нов албум

„Втора генерација“ или на шведски Andra generationen годинава слави 30 години од постоењето. Членовите на групата се по потекло Македонци, но родени се и живеат во Гетеборг, Шведска. Тие го промовира нивниот петти албум со наслов „Втора генерација- 30 години опа“. Имаат и вино кое го носи нивното име.

„Со својата музика безброј пати имаме настапувано низ Шведска, но и низ цела Европа. Во овие 30 години два пати учествувавме, на „Мелодифестивален“, шведскиот национален избор за песна на Евровизија, а победата за малку ни избега. За свое најолемо достигнување, покрај албумите, ги сметаме и незаборавните настапи и журки низ шведските и светски клубови, а чести гости сме и на приватни забави. Затоа 30. роденден ќе го славиме со роденденски концерти и журки“, велат членовите на групата.

„Втора генерација“ се познати по „Кебап, пица, шљивовица“, „Мастика“, „Балкан шема“, „Опа нинанај“, „Хипаре хопаре“ и многу други.

„Пееме и на шведски и на македонски. Главно го промовираме балканскиот мелос. Пеејќи на македонски јазик по клубовите ги научивме Швеѓаните да пеат на македонски. Музиката нема граници. А ние досега сме се докажале, не научија дека каде настапуваме, нема промашување. Ние сме презадоволни“, велат тие.

Scroll to Top