Денот на независноста, 8 Септември, ќе биде одбележан во дворот на Владата, под отворено небо. Како што соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски, предвидена е богата програма, а поканети се сите граѓани.
„В сабота во 18 часот одбележувањето на Денот на независноста ќе почне со концерт за најмладите на „5+“ бенд, по што следува настап на Македонската филхармонија, која заедно со Тамара и Тијана ќе изведат шлагери, а потоа е Емин Џијан“, рече Бошњаковски.
Предвидено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.