Завршна манифестација на фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2018“

By

Завршната манифестација на фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2018“ ќе се одржи денеска, 5 октомври, на Денот на учителот во рамките на одбележување на Неделата на детето, со почеток во 18:00 часот во КИЦ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2018“ оваа година за првпат се реализира како литературна манифестација која има за цел да придонесе за книжевниот и културниот развој во Република Македонија, по пат на поттикнување на креативниот и творечкиот потенцијал на поетите кои пишуваат поезија за деца. Проектот се реализира во 5 фази.

Во збирката со поетски творби „Стихувалки 2018“ објавени се имињата на 49 автори и нивните поетски творби од кои 25 автори беа избрани од страна на жири-комисијата, во потесниот избор за награди.

Тие се промовираа во 7 градови низ Република Македонија (Битола, Охрид, Прилеп, Велес, Штип, Кочани и Гостивар,) а публиката имаше можност да гласа. Песните беа објавувани и на фејсбук-страницата на „Стихувалки 2018“.

Со овој настан ќе се заокружи последната фаза од реализација на проектните активности, кои траеја повеќе месеци.

На свеченоста ќе се соопштат наградите на трите најдобри поетски творби за деца од тројца автори, на кои ќе им се врачат плакети и парични награди.

На сите 49 застапени автори во збирката со поетски творби за деца „ Стихувалки 2018“ ќе им биде врачено признание за нивното учество на конкурсот и за афирмација на поезијата за деца, како и примерок од книгата.

 

Ќе ви се допадне