Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ на 10 ноември ќе има концерт во Скопје.
Концертот е во вип-арената „Борис Трајковски“, во организација на „Прагма продукција“.
По четири години од последниот концерт во Скопје, публиката повторно ќе може да ги слушне неговите најголеми хитови. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон” и „Цвеќарница Розе” – Веро 2.