На улица Македонија следниот викенд започува „Статуафест“, на кој десет живи статуи од Бугарија, Шпанија, Унгарија, Србија и Македонија ќе бидат дел овој уличен фестивал. Прв пат во Скопје се одржува ваков фестивал кој ќе трае две дена, 14 и 15 септември од 18 часот па до полноќ. Покрај живите статуи, кои ќе стојат на неколку локации и ќе доловуваат различни ликови, ќе има и забава со диџеи и неколку музички бендови. Организатори на фестивалот се „Театроск“.