Журка со Некст тајм, 2 Бона и Слаткаристика вечерва во Расадник, Кисела Вода

Општина Кисела Вода и оваа вечер, во рамки на Културното лето 2025, кое е  под слоганот „Сè на свое место“, нуди ново музичко доживување. На платото пред салата „Расадник“, од 20:30 часот, ќе настапат едни од најголемите музички имиња на македонската сцена – Некст тајм, 2 Бона и Слаткаристика.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги покани сите граѓани да бидат дел од овој музички настан.

„Дали сте подготвени за уште една незаборавна вечер? 2 Бона, Слаткаристика и Некст тајм ќе се погрижат за тоа! Вечерва не се бројат часови, туку моменти! Подгответе се за вечер исполнета со добри вибрации и незаборавна забава. Не дозволувајте да ви раскажуваат – бидете дел од најдобрата журка во Скопје! Вечерва, 20:30 часот, плато пред сала Расадник“, повика градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Scroll to Top