„Златен лав“ во Венеција за филмот „Рома“ на Алфонсо Куарон

Филмот „Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон ја доби наградата „Златен лав“ на 75. филмски фестивал во Венеција. Филмот е семејна драма базирана на детството на режисерот Куарон во Мексико. Алфонсо Куарон стана светски познат со филмот „Гравитација“, којшто во 2013 година освои седум Оскари.

За наградата „Златен лав“ оваа година се натпреваруваше 21 филм. Режисерот Гилјермо дел Торо беше претседател на жирито, во кое беа членовите: Силвија Чанг, Трине Дурлом, Никол Гарсија, Паоло Џеновезе, Малгоржата Шумовска, Таика Ваитити, Кристоф Валц и Наоми Вотс.

Scroll to Top