Американски научници сакаат да направат дронови од мртви птици

Научниците во Ново Мексико сакаат да направат дронови од мртви птици. Велат дека им даваат нов живот на мртвите птици и декоа со неконвенционален пристап кон истражувањето на дивиот свет, ги претвораат плишаните птици во дронови со цел да го проучат нивниот лет.

Доктор Мостаф Хасаналиан, професор по машинство на Институтот за рударство и технологија во Ново Мексико во Сокор го води проектот на создавање дронови од мртви птици. Рече дека засега вештачките, механички птици не ги дале посакуваните резултати.

„Дојдовме на идеја дека можеме да ги искористиме мртвите птици и од нив да направиме дронови“,

Беспилотните летала направени од таксидермирани птици моментално се тестираат во наменски изграден кафез на универзитетот и би можеле да се користат за подобро разбирање на формирањето на јатото и моделите на летот. Ова, пак, може да се примени во воздухопловната индустрија, рече Хасаналијан.

„Беспилотните летала направени од таксидермирани птици моментално се тестираат во наменски изграден кафез на универзитетот и би можеле да се користат за подобро разбирање на формирањето на јатото и моделите на летот. Ова, пак, може да се примени во воздухопловната индустрија“, додаде тој.

„Ако научиме како овие птици меѓусебно управуваат со енергијата, можеме да ги искористиме во иднина во воздухопловната индустрија за да заштедиме повеќе енергија и гориво“, рече Хасаналиан.

Научникот Бренден Херкенхоф го фокусира своето истражување на бојата и ефикасноста на летот. Додека многумина мислат дека бојата на птицата е начин на привлекување партнери или камуфлажа, Херкенхоф проучува како бојата влијае на ефикасноста на летот.

„Спроведовме експерименти и откривме дека за нашиот авион со фиксни крила, примената на одредена боја може да ги промени перформансите на летот. Веруваме дека истото важи и за птиците“, рече Хасаналиан. и додаде дека прототиповите на плишаните птици летаат најмногу 20 минути и дека следната фаза е да се најде начин да се натераат да летаат подолго и да се спроведат тестови во дивината меѓу живите птици.

Scroll to Top