Астрономите ја открија најголемата космичка експлозија досега

Астрономите велат дека ја откриле најголемата космичка експлозија која е досега забележана. Според нив таа е десет пати посветла од секоја досега регистрирана експлозија на ѕвезда и ова е  е познато како супернова.

Блесок на небото првпат бил  снимен во 2020 и астрономите подоцна го нарекоа настанот AT2021lwx. Лани  тим кој го предводеше Филип Вајзмен од Универзитетот во Саутемптон ја анализираа  светлината од настанот. Тоа им  овозможи да се пресмета неговата оддалеченост – осум милијарди светлосни години.

„Бевме зачудени што би можело да предизвика нешто толку сјајно. Во научната литература не е забележано ништо толку сјајно што траело толку долго. Повеќето супернови траат само неколку месеци пред да исчезнат“, рече Вајзмен.

Негова теорија е дека експлозијата се создала кога огромен облак на гас, веројатно илјадници пати поголем од нашето Сонце, бил голтнат од супермасивна црна дупка.

„Се верува дека секоја галаксија има огромна црна дупка во своето срце. Вакви моќни експлозии би можеле да играат важна улога во обликувањето на центарот на галаксиите“, смета Вајзмен.

Scroll to Top