Астрономите на НАСА ја следат најголемата комета откриена досега

Комета со јадро 50 пати поголемо од нормалното се движи кон Земјата со брзина од 35.200 километри на час, открија од НАСА. Астрономите велат дека ова е најголемата комета видена досега. Нивниот телескоп „Хабл“ утврдил дека леденото јадро на кометата има маса од околу 500 трилиони тони и е широко 137 километри, пренесе „Би-би-си“.

Кометата ќе биде најблизу до Земјата во 2031 година, кога ќе помине на околу 1,6 милијарди километри од Сонцето.

Таа првпат била забележана во 2010 година, но „Хабл“ дури сега ја потврдил нејзината големина.

„Отсекогаш се сомневавме дека кометата е огромна зашто е многу светла на така голема дистанца. Сега имаме потврда за тоа“, рекол Дејвид Џуит од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес.

НАСА ја опиша кометата како „ѕвер кој се движи кон нас“. Се претпоставува дека потекнува од раните денови на формирањето на планетите.

Scroll to Top