Двајца Британци отворија музеј на мобилни телефони, најгрдите добија посебна поставка

Британците Бен Вуд и Мет Четерли отворија музеј на мобилни телефони, чија колекција ги информира посетителите за историјата на овие уреди. Музејот содржи повеќе од 2.000 модели, кои датираат до 1984 година, а има и фотографии и придружни приказни за повеќето уреди во колекцијата. На сајтот има и неколку издвоени колекции, на пример колекцијата на најгрдите телефони.

Музејот произлегол од приватната колекција на Вуд, што почнал да ја прави пред повеќе од 25 години и таа во меѓувреме пораснала на над 2.100 примероци. Мобилниот оператор „Водафон“ ќе биде спонзор на музејот во наредните пет години.

„Ова почна како проект од страст пред 25 години. Ниедна иновација во поновата историја не го променила повеќе нашиот начин на живот од мобилен телефон. Од мобилни плаќања и граѓанско новинарство до можноста постојано да се биде на интернет и да се работи од каде било, важноста на мобилните телефони не може да се прецени“, вели Вуд.

Музејот може да се посети и преку mobilephonemuseum.com.

Scroll to Top