Европската комисија го укина Airplane mode, едно од најомразените правила на авиокомпаниите

Многу од патниците кои често патуваат со авион се навикнати на правилата на некои авио-компании, паметните телефони да ги префрлаат во режимот Airplane mode, иако не знаат зошто ваквото правило постои. Од друга страна некои компании наплаќаат дополнително за Wi-Fi мрежа за време на летот.

dobivaj vesti na viber

Сега, благодарение на новиот закон кој го усвои Европската комисија, патниците за време на летовите со авиокомпаниите од Европската унија, наскоро би можеле да ги користат сите стандардни мобилни функции, додека летаат до својата пожелна дестинација.

Европската комиисија во четвртокот објави дека авиокомпаниите со седиште во Европската унија, од сега ќе им дозволи да обезбедат 4G и 5G пристап на сите патници. Кога конечно ќе се имплементира овој закон, патниците ќе можат да ги користат сите мобилни уреди на ист начин како да се на земја.

Компаниите ќе имаат базни станици во нивните авиони кои ќе обезбедат поврзување со мобилната мрежа за време на летот. Овие мали базни станици функционираат како минијатурни кули со мала моќност кои ги надополнуваат типичните кули со пополнување на празнините на покриеност и претовар на мобилниот сообраќај. Резултатот е поширока, посигурна мобилна мрежа која обезбедува високи брзини на податоците и полесно распоредување користејќи едноставни, исплатливи мобилни решенија.

Станува збор за специфичен тип на мала, евтина технологија на базна станица која може да поддржува помеѓу 32 и 64 индивидуални корисници додека обезбедува мрежна покриеност до 250 метри.

Комесарот за внатрешен пазар, Тери Бретон, го гледа новиот закон како потенцијален катализатор за растот на бизнисот и услугите на ЕУ.
„Небото повеќе не е граница кога станува збор за можностите што ги нуди супербрзата поврзаност со голем капацитет“, рече Бретон.

 

Scroll to Top