Фејсбук станува мрежа за пензионери, сè помалку тинејџери отвораат нови профили

Иако младите сè повеќе користат интернет, бројот на тинејџери на Фејсбук рапидно се намалува, покажа истражувањето на Истражувачкиот центар Пју.

Истражувањето покажало дека 32% од тинејџерите на возраст меѓу 13 и 17 години воопшто не користат Фејсбук, а податоците од претходното истражување од 2014 и 2015 година покажале дека 71% од нив биле на Фејсбук во тој период, со што оваа социјална мрежа ги надмина Инстаграм и Снепчет. Креаторката на содржини за Генерацијата Зет, како што ги нарекуваат денешните тинејџери, Џил Терпак, изјави дека тие едноставно не наоѓаат вредност во Фејсбук.

„Сега има повеќе од пет моќни социјални платформи кои може бескрајно да се прелистуваат и не е одржливо нашите умови да ги споделуваат или да ги приоретизираат нашите односи со секоја од нив. Заради времето и причината, луѓето мора да ги елиминираат платформите на кои им недостасува поттик за додавање вредност“, рече Терпак за „Хајтек“.

Таа верува дека Фејсбук, кој тинејџерите често го поврзуваат со своите родители, има малку да понуди ѝ на Генерацијата Зет.

„Културата што ја поттикнува просечниот корисник на Фејсбук е многу одвоена од она што ја привлекува популацијата на Генерацијата Зет на платформата денес и зрачи со енергијата на спам“, рече таа.

Дури и во 2013 година, кога 77% од онлајн тинејџерите користеа Фејсбук, младите корисници имаа негативен став кон платформата.

 

„Повеќето млади луѓе го гледаат како место за луѓе во 40-тите и 50-тите. Младите ја сметаат содржината досадна, погрешна и негативна“, се вели во интерен документ на Фејсбук.

 

Scroll to Top