Fitbit ги повлече паметните часовници затоа што им прегоруваат батериите па може да дојде до изгореници на рацете

Од компанијата Fitbit, која е во сопственост на „Гугл“, повлече од пазарот околу 1,7 милиони паметни часовници заради опасност од прегорување на батеријата. Објаснија дека прегројувањето може да предизвика изгореници на рацете кај клиентите.

„Најавивме дека доброволно ќе ги повлечеме паметните часовници кои ги претставиввме во 2017 година, а престанавме да ги произведуваме уште во 2020. Батеријата може да се прегрее што претставува опасност од изгореници“, соопштија од компанијата.

Уредот има LCD екран во боја и е со дијагонала од 1,4 инчи. Има полиуретански каиш. За да го идентификувате, побарајте го бројот на моделот (FB503) на задната страна на уредот под ознаката „CE“ и над копчето во близина на местото каде што се прицврстува ременот.

Само следните модели и бои се повлечени од пазарот.

  • Ionic FB503CPBU u Slate Blue/Burnt Orange
  • Ionic FB503GYBK u Charcoal/Smoke Gray
  • Ionic FB503WTGY u Blue Gray/Silver Gray
  • Ionic FB503WTNV Adidas edition Ink Blue & Ice Gray/Silver Gray.
„Безбедноста и здравјето на корисниците се нашиот главен приоритет. Го превземаме овој чекор затоа што сме загрижени за безбедноста на нашите купци. Ќе им ги вратиме парите на сите. Ако поседувате ваков часковник, престанете да го користите“, додадоа од компанијата.

 

Scroll to Top