(Фото) Објавени нови фотографии од Марс во боја

Нови фотографии се објавени од Марс во боја. Фотографиите се направени од стерео камера со висока резолуција од бродот Mars Express на Европската вселенска агенција. Фоотграфиите се направени така што изгледаат како да се видени со човечко око на самата планета.

На фотографиите се гледа кањонот Валес Маринерис, кој е долг речиси 4000 километри, а длабок повеќе од 6 километри. Овој кањон на Црвената планета го прави познатиот Голем Кањон во Америка да изгледа многу помал во споредба со него.

За споредба, Валес Маринерис, на Земјата би се протегал од северниот врв на Норвешка до јужниот врв на Сицилија. Новата слика покажува два ровови, или бездни, кои го сочинуваат западниот дел на кањонот. Од левата страна се наоѓа бездната Часма долга речиси 840 километри, а десно е Титониум долг 804 километри.

Кога се гледа во однос на надморската височина, највисоката планина на Алпите, Мон Блан, која се издига над 4.500 километри надморска височина, би била џуџеста ако се смести во Титониумската бездна.

За разлика од американскиот Голем Кањон, кој е создаден пред околу 5 милиони години, кога реката Колорадо ги еродирала карпите, се верува дека огромниот кањон на Марс е создаден од движењето на тектонските плочи.

На врвот на Титониум има парче темен песок, кој можеби доаѓа од блискиот вулкански регион, кој создава феноменален контраст на боите. Mars Express претходно пронајде сулфатни минерали кои содржат вода во овој регион, навеле од ESA.

Од Европската вселенска агенција објавија дека испакнатините настанале со испарувањето на течноста што некогаш ја исполнувала оваа бездна, но научниците сè уште дебатираат за тоа.

Европскиот вселенски брод лета околу Марс од 2003 година. Тој треба да направи широк спектар на научни експерименти, вклучувајќи го и снимањето на површината на Марс, мапирање на неговите минерали, идентификување на составот и циркулација на неговата атмосфера и испитување на делови под неговата површина. Овие фотографии досега се најверодостојни од огромниот кањон.

Scroll to Top