Фотограф со помош на вештачка интелигенција покажа како би изгледале познатите личности по неколку децении

Турскиот фотограф Алпер Јесилтас со помош на вештачка интелигенција создаде серија портрети и покажа како би изгледале познатите личности по неколку децении. Тој сликите ги објави на Инстаграм.

„Зад овој проект се крие прашањето како ќе изгледаат некои од младите познати личности по неколку децении од сега“, напиша фотографот.

Роналдо и Меси

Јесилтас откри дека користел различни апликации за уредување на оригиналните фотографии на секое лице.

„Секогаш почнувам од лицето. Користам неколку апликации за да креирам една фотографија. Кога самиот ќе се убедам дека сликата пред мене е она што сум го замислил во главата, продолжувам со рамката надвор од лицето. На крајот ја финализирам работата со апликации создадени за уредување фотографии“, рекол тој.

Рајан Гослинг
Ема Стоун
Хери Стајлс
Били Ајлиш
Џастин Бибер
Дуа Липа
Грета Тунберг

 

Scroll to Top