Google има одговор на ChatGPT: „Нашиот најспособен модел досега“

Google го претстави Gemini, својот најнов голем јазичен модел и го нарече „најспособниот што досега го направиле“.

Gemini постепено ќе се воведуваат во екосистемот на Google, вклучувајќи го системот за пребарување и Google Chrome. Една верзија, Gemini Pro, веќе работи на четботот Bard AI. Тоа е одговор на ChatGPT на OpenAI, но се чини дека Gemini е изграден да биде повеќе од само текстуален четбот.

Поддржува внесување на различни податоци, вклучувајќи текст, слики, видео, аудио и „има потенцијал да биде значаен чекор напред кога станува збор за технологиите за вештачка интелигенција“, како што е формулирана од специјализираната страница „Pocket-lint“.

Токму оваа мултимедијалност е она на што Google се надева дека ќе биде предност во однос на GPT, а Gemini доаѓа во три верзии.

Првата верзија е Gemini Nano, која работи на уреди со Android. Втората верзија е Gemini Pro, која е нешто посложена, а третата верзија е најмоќната – Gemini Ultra, наменета првенствено за центри за податоци и апликации на големи компании.

Ако имате четбот на Bard, веќе можете да ја пробате Gemini AI.

Scroll to Top