„Гугл мапс“ нуди опција што може да им помогне на корисниците да донесуваат одлуки за активности на отворено. Новата алатка се користи за проверка на квалитетот на воздухот, а достапна е и на „Андроид“ и на уредите „Иос“ .
Корисно е за сите што се грижат за тоа што дишат додека пешачат, трчаат или прават нешто на отворено. Бидејќи светот очигледно ја губи битката за квалитетот на воздухот, ваквите моменти се повеќе од корисни – не го решаваат проблемот, но им овозможуваат на корисниците барем малку да се заштитат.
Опцијата моментно е достапна само во Соединетите Американски Држави, но се очекува да стигне до други делови од светот. Бидејќи се користат информациите собрани од владините агенции, земјите треба да работат заедно за да ги направат податоците достапни и што е можно попрецизни, а тоа не е секогаш лесно.
Покрај оваа опција, „Гугл мапс“ доби и друга, која ги информира корисниците за пожари во областа.