„Гугл плеј стор“ за 10. роденден доби ново лого

Плеј Стор официјално наполни 10 години, а Гугл реши оваа годишнина да ја официјализира и да ја одбележи со соодветен настан.

Покрај новото лого, кое ќе го краси Гугл Плеј Стор, на 25 јули ќе започне и промоција која ќе ги награди членовите на програмата со десет пати повеќе Плеј Поинтс за направените набавки. Гугл ја објави Плеј Стор во 2012 година за да ги обедини сите свои продавници во тоа време во една продавница: Андроид Маркет, музика, е-книги и видео. Корисниците потоа можеа да купат се што ќе понуди Гугл на една локација и преку широк спектар на апликации.

Годишнината на продавницата доаѓа во време кога Плеј Стор во голема мера се развива. Компанијата го преработи Плеј Њусстанд во Гугл Њус во 2018 година, додека во 2020 година го комплетираше преминот од Плеј Мјузик на Јутјуб Мјузик. Во текот на оваа година, делот филмови и ТВ ќе биде повлечен и содржината ќе биде преместена во апликацијата ТВ.

Плеј Стор е сè уште недопрена, но е значително повеќе фокусиран на одредени сегменти отколку пред десет години. Гугл мораше да ја земе предвид и безбедноста, па во јуни оваа година ја заостри политиката за користење, која бара сите апликации да го користат системот за наплата на Плеј Стор. Европската унија делумно го промени тој пристап со своите правила, кои бараат пристап до надворешни платформи за плаќање. Тоа е она кон што се стремат другите регулатори, на што Плеј Стор ќе мора да се прилагоди во иднина.

Scroll to Top