И во НАСА почнаа да штедат струја, ќе ги гасат инструментите на сондите „Војаџер“

НАСА ќе почне да ги гаси инструментите на сондите „Војаџер“ со цел да ја заштеди потребната енерија и да ја продолжи мисијата. Сондите „Војаџер“ се планирани да траат само четири години во вселената. Сепак, речиси и по 45 години подоцна, тие се во можност да комуницираат со НАСА.

Агенцијата сега планира да почне да ги жртвува некои од инструментите за да ја продолжи мисијата на две сонди. Инженерите се надеваат дека преостанатите инструменти ќе траат до 2030 година. Леталата „Војаџер 1“ и „Војаџер 2“ се лансирани во 1977 година на мисија од 4 години.

Тие ги фотографираа планетите Јупитер, Сатурн и Нептун заедно со нивните природни сателити. Како наближува нивниот 50. роденден, иако патувале подалеку од кое било друго летало, тие и понатаму работат.

„Војаџер 1“ го има поминато она што научниците го сметаат за хелиосфера (меѓуѕвездена граница) уште во 2012 година, а „Војаџер 2“ ја премина оваа граница во 2018 година.

Двете сонди сè уште имаат неколку функционални инструменти кои се напојуваат со уред што ја претвора топлината од распаѓањето на радиоактивниот плутониум во електрична енергија. Уредот секоја година обезбедува четири вати помалку енерија, па НАСА почна да се подготвува за крајот.

Со исклучувањето на некои од инструментите од агенцијата сакаат да заштедат енергија. Пред две години инженерите го деактивирале грејачот на детектори за космички зраци очекувајќи дека тој бргу ќе престане со работа на екстремно ниски температури во вселената.

За изненадување, тој продолжил со работа. Кога сондите ги поминале гасните џинови на Сончевиот систем во 80-тите, фотографиите испратени до Земјата првпат ѝ покажаа на агенцијата дека месечините што орбитираат околу други планети би можеле многу да се разликуваат од месечината на Земјата.

Тие не очекуваа да ги видат активните вулкани Ија или длабоките глечери на Ганимед. Сега вселенските летала на „Војаџер“ испраќаат податоци на Земјата за надворешната граница на магнетното поле на Сонцето.

Scroll to Top