Израелска компанија направи уред со кој може да се гледа низ ѕидови

Израелската компанија Camero-Tech направи уред што им овозможува на војниците низ ѕидовите да гледаат што има внатре во зградите.

Станува збор за уред наречен Xaver 1000, кој користи вештачка интелигенција. Беше претставен на годинешниот саем за воена опрема „Евросатури“ во Париз.

Уредот им овозможува на војниците да гледаат работи и предмети внатре во реално време. Во Camero-Tech сметаат дека ова е клучен уред за војската, безбедносните сили, разузнавањето, но и за спасувачките тимови.

Тие рекоа дека ги дава сите потребни информации во даденото време. Визуелниот дисплеј е со висока резолуција, па, меѓу другото, може да се види дали некое лице седи, стои или лежи.

Користењето на овој уред бара малку обука, пренесува Business Insider.

Scroll to Top