Јапонија за првпат успешно тестираше летечки автомобил со човечки екипаж. Автомобилите се очекува да бидат меѓу главните атракции на Светската изложба (Експо), која ќе се одржи во Осака од 13 април до 13 октомври 2025 година.
Тестираното возило се дигна во воздух 10 секунди по активирањето со помош на пропелер, на висина од осум метри, пренесува агенцијата Kyodo. Автомобилот се движел напред, назад, лево, десно и неколку пати свртело и слетало на земја.
Летечкиот автомобил го управувал Масатоши Кумагаи, основач и шеф на ГМО, компанија која нуди сајбер безбедносни услуги за такви автомобили и дронови. Кумагаи добил специјална обука во САД за летот, а по слетувањето рече дека го имал истото чувство како кога користел конзола за игри.