Како да го решите проблемот ако мобилниот ви е сè побавен

Ако телефонот ви работи побавно од вообичаено и имате потешкотии во извршувањето и стартувањето на вообичаените работи, потребно е да ги избришете сите Cache податоци. Според истражувањето на компанијата HONOR, повеќето Андроид-телефони се побавни за 36% во период од 36 месеци користење. По тој период, перформансите му се значително послаби.

Ова се случува најмногу поради неоптимизираниот систем и апликации и игри за Андроид, кои се направени така што, беспотребно или не, ги акумулираат податоците во позадина.

Мал број на производители применуваат оптимизација на системот така што ги отстрануваат разните остатоци од податоци и податоци кои воопшто што не ги користи системот. Во повеќето случаи корисниците тоа мора да го направат самите.

Остатоците од податоци и непотребните податоци се наоѓаат во CACHE меморијата. Оваа меморија се гледа како дел од меморијата резервирана за привремени податоци, кои на апликациите им помагаат да се вчитуваат побрзо, како на пример при зачувувањето на лозинката и корисничкото име на социјалните мрежи или некој друг онлајн сервис.

Ако користите Chrome browser следете ги следните чекори за да ја испразните Cache меморијата на прегледи.

– Во Chrome во горниот десен агол кликнете на трите вертикални точки

– Кликнете на Settings

– Изберете Privacy and Security од меморијата

– Пронајдете ја опцијата Clear browsing data и подесете Time Range, временската рамка која саката да ги избришете сите кеширани податоци.

– Потоа кликнете на Clear data и тоа е тоа.

 - Mondo

 

За време на бришењето на Cache меморијата, немојте да ги кликнете и Browsing history и Cookies and site data опциите, затоа што тогаш на секој сајт ќе морате да се најавите повторно, а ќе ја изгубите и листата на сите посетени сајтови.

Процедурата е многу слична и за Firefox, Edge, Opera, Vivaldi и други пребарувачи на интернет. Сега кога кога ги имате исчистено browser податоците можете да го исчистите Android системот.

 - Mondo

Како и во случајот со интернет прегледувачите, само следете ги некои од чекорите и непотребните податоци брзо ќе бидат исчистени. Еве како да го исчистите Cache Android системот.

– Влезете во Settings

– Кликнете на Storage

– Влезете во Ohter Apps

– Овозможете преглед на апликацијата во листата по количина на меморијата која ја користите

– Одберете ја апликацијата чиј Cache сакате да го избришете и

– Кликнете на Clear Cache

 - Mondo

Не заборавајте дека апликацијата и прегледувачот на интернет, откако ќе го испразните Cache, ќе почне да се полни со меморија од новите податоци, па повторете ја оваа постапка на секои неколку недели.

Ако вашиот уред има опција за автоматско отстранување на Cache податоците, активирајте ја, но немојте да заборавите да ги исклучите податоците кои ќе ви требаат за понатамошното користење на телефонот. Тука мислиме на Browsing history и Cookies and site data.

 

 

Scroll to Top