Кина планира комерцијални патувања во вселената од 2025 година

Кина планира да ја испрати првата група комерцијални патници во вселената во 2025 година, изјави ракетниот експерт Јанг Јичанг за „Чајна медиа груп“. Секој лет ќе чини меѓу два и три милиони јуани што е помеѓу 287.000 и 430.800 долари.

„Во моментов има три начини за патување во вселената. Првата е влегувањето во вселенската станица, која поставува строги барања за физичката и психолошката состојба на туристите. Друг начин ги носи туристите во вселената со товарен авион што се користи за подигнување на друго вселенско летало и чини 450.000 долари. Третиот начин е суборбиталното вселенско патување и ќе биде поудобно за повеќето патници“, рече научникот кој во 2018 година беше генерален директор на ракетниот проект „Долг марш“ 11 и основач на вселенската ракетна компанија CAS со седиште во Пекинг.

САД почнаа да го комерцијализираат својот вселенски сектор во 1980-тите, а индустријата беше релативно зрела кога SpaceX беше основан во 2002 година. Кина го лансираше овој сектор релативно доцна во 2015 година, но индустријата веќе се обликуваше со брзиот развој.

„Кина најверојатно ќе го достигне американското ниво на развој во секторот за комерцијализација на вселената во рок од 10 години“, рече Јанг.

Според извештајот од индустријата, во 2021 година Кина имала повеќе од 370 претпријатија фокусирани на производство на сателити, лансирање ракети и слични услуги базирани на сателити во орбитата, пренесува „Чајна медиа груп“.

Scroll to Top