Кина планира комерцијални патувања во вселената од 2025 година

Кина има намера да ја испрати првата група на комерцијални патници во вселената во 2025 година. Еден лет ќе чини меѓу 2 и 3 милиони јуани, односно од 287.000 до 430800 долари, рекоа научниците, а пренесе serbian.cri.cn.

„Во моментов постојат три начини на патување во вселената. Првото е до вселенската стница, за кое постојат строги правила за физичката и психичката состојба на туристите“, рече Јанг Јичанг, еден од научниците кој во 2018 година беше и генерален директор на проектот „Долг марш“.

Јанг беше и основач на ракетната компанија GAS Space со седиште во Пекинг. Тој објасни дека другиот начин за патување во вселената е со теретен авион кој се користи за подигање на други летала.   Virgin Galactic еднаш најави вакви патувања по цена од 450.000 долари за човек.

Третиот начин на кој може да се отиде во вселената е оној на кој Кина ќе се фокусира, а тоа е суборбитално патување во вселената, кое ќе биде најпогодно за повеќето патници.

САД почнаа да го комерцијализираат својот вселенски сектор во 80-те години, а индустријата созреа кога беше основан SpaceX во 2002 година. Кина го покрена овој сектор релативно доцна во 2015 година.

„Кина веројатно ќе го достигне нивото на развој на САД во секторот на комерцијализација на вселената во рок од 10 години“, рече Јанг.

Според индустрискиот извештај, Кина во 2021 година имала повеќе од 370 претприемачи фокусирани на производство на сателити, лансирање ракети и релативни услуги засновани на сателити во орбитата.

 

Scroll to Top