Кинески научници открија сомнителни радиосигнали, тврдат дека стапиле во контакт со вонземјани

Најголемиот радиотелескоп во светот, Скај Ај, откри теснопојасни електромагнетни сигнали, за кои тврдат дека се најверојатно од вонземско потекло.

„Дали сме на прагот да ја откриеме првата вонземска цивилизација? Според извештаите што ни доаѓаат од Кина, токму тоа би можело да биде случај“, пишува кинескиот весник „Сајанс енд технолоџи дејли“.

Скај ај, најголемиот и најчувствителен радиотелескоп во светот, со пречник од 500 метри, открил теснопојасни електромагнетни сигнали, кои би можеле да бидат од вонземско потекло. Откриените сигнали се различни од претходните и тимот активно ги истражува, вели Џан Тонџи, главниот научник на тимот за потрага по вонземски цивилизации.

Џан додава и дека две групи на сомнителни податоци биле откриени во 2020 година, за време на обработката на податоците собрани во 2019 година Меѓу нив е и сигналот кој бил откриен со набљудување на егзопланети.

Scroll to Top