Компанијата „Виво“ создаде нов телефон што ја менува бојата

Компанијата Vivo почна да експериментира со неколку модели на своите телефони кои сега можат да ја менуваат бојата на куќиштето. Од таму велат дека ако сакате да го нагласите вашиот стил и да дадете печат на секој момент, а не сакате да купите прескап телефон vivo X80 lite е вистинскиот избор

Сè почна со vivo V23 Pro телефонот, кој беше првиот кој можеше да ја промени бојата на задниот панел на куќиштето. За разлика од споменатиот модел, vivo X80 Lite веќе е достапен и во продажба во Србија и ефектот од промената на бојата трае подолго и се постигнува полесно.

Така vivo X80 Lite во Србија е достапен во златна боја која може да се смени и во црна и која може не е толку атрактивна, но има ефект на дијамантска шара, па различно се преслива под друг агол на гледање и на тој начин ја зголемува атрактивноста на телефонот и прави да изгледа поскап отколку што е.

Сепак помладите корисници сигурно ќе уживаат во златната варијатнта, која под ултравиолетово светло или сончев сјај се претвора во различни нијанси, од светликава златна, преку портокалова до нејзините најтемни тонови помешани со црвена боја.

Ваквата опција на менување на боите се постигнува со посебен начин на производство, а сега првпат е достапна и на vivo телефонот.

Задниот дел на vivo X80 Lite е направен од иновативно Fluorite AG стакло и е ексклузивна опција само за Sunrise Gold верзијата на vivo X80 Lite. Доволно е да го свртите грбот на телефонот кон сонцето или изворот на ултравиолетовата светлина со што светкаво златната позадина ќе ја промени бојата во портокалова.

За да го подобрите ефектот на промената на бојат, можете да покриете дел од задниот дел со некој предмет или облик и да го држите така додека остатокот од панелот апсорбира светлина и ја менува бојата.

Потоа откријте го неосветлениот дел во моделот на избраната форма. Можностите се неограничени од букви, преку витраж и интересни орнаменти, до целосни контури и форми, бидејќи можете да насликате сè на грбот на vivo X80 Lite!

Освен ова, vivo X80 е исклучително тенок, само 7,79 милиметри, со јасни и прави рабови и тежи само 186 грама, па лесно може да се смести во секој џеб или торба.

Има 6,44-инчен Full HD AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 90 херци и одлична OIS камера од 64 мегапиксели, надополнета со широкоаголна камера од 8 мегапиксели и макро камера од 2 мегапиксели. За селфи и 4K видео, има и предна камера од 50 мегапиксели со автофокус.

Хардверот го предводи чипсетот Dimensity 900 MediaTek, со 256 GB корисничка меморија и 8 GB RAM што може да се прошири за исто толку гигабајти со технологијата RAM Extender.

Vivo X80 Lite ја комплетира водечката понуда на vivo во Србија, бидејќи vivo X80 Pro веќе е достапен овде и може да се купи од српските оператори.

Малопродажна цена на vivo X80 Lite е 54.999 RSD, во моментов е околу 468 евра. Важно е да знаете дека со телефонот добивате брз полнач од 44 волти, заштитна фолија на стаклото на уредот, како и силиконска футрола за подолга и побезбедна употреба.

Scroll to Top