Илон Маск и неговите компании „Спејс икс“ и „Тесла“ се тужени за 258 милијарди долари за наводно рекетирање со криптовалути. Кит Џонсон е човекот што ги тужел тврдејќи дека Маск е тој што рекетирал и на тој начин ја подигнал вредноста на криптовалутата џокоин.
Џонсон е американски државјанин кому Маск со криптопирамидалната шема му ги украл парите. Тој го тужел него и неговите компании тврдејќи дека тие претставувале нелегално рекетарско претпријатие за надавање на цената на џокоинот.
„Обвинетиот лажно и измамнички тврди дека џокоинот е легитимна инвестиција, која нема никаква вредност“, рече Џонсон во тужбата, која ја поднел во четвртокот во федералниот суд во Менхетн.
Џонсон тврди дека ги претставува луѓето што ги изгубиле парите во тргувањето со џокоин од април 2019 година и бара 86 милијарди долари отштета плус трикратна отштета од 172 милијарди долари, како и да му се забрани на Маск и неговите компании да го промовираат џокоинот.
Покрај тоа, тој сака трговијата со криптовалутата да се смета како коцкање според законите на САД и Њујорк.
Џокоинот во четвртокот се тргуваше за приближно 5 центи и падна речиси 67 % оваа година. Минатата година порасна на дури 74 центи пред вртоглаво да падне. Маск е еден од најгласните приврзаници кога станува збор за оваа криптовалута.
Тој често на „Твитер“ ги споменува, а во еден момент рече дека и неговата компанија ќе прифати плаќање во доцкоин. Тој ја промовира оваа криптовалута и за време на неговото гостување во емисијата Saturday Night Live.