Набргу нова бесплатна верзија на „Фотошоп“

Adobe набргу ќе ја претстави новата верзија од популарната алатка за уредување на фотографии Photoshop, која ќе биде достапна само за веб. Adobe во моментот ја тестира новата freemium-верзија, која е достапна во Канада.

Навргу ќе биде достапна и пошироко, а засега сите корисници во Канада, кои ќе направат Adobe-профили, ќе имаат пристап до бесплатната верзија на „Фотошоп“.

„Фотошоп“ долго време беше стандард во индустријата за уредување фотографии, а неговата месечна претплата одбиваше голем број од корисниците. Во меѓувреме, бесплатнитe софтвери за уредување, како Pixlr, Canva и Photopea, привлекоа голем број корисници.

Adobe ќе им ги понуди на корисниците своите основни алатки за уредување фотографии бесплатно со цел да дојде до нови корисници. Исто така, се надева дека некои од корисниците на freemium Photoshop ќе станат претплатници, особено затоа што компанијата планира да понуди напредни функции и можности од верзијата само за веб, која може да се отклучи само со претплата.

Adobe минатата есен лансира веб-верзија Photoshop-a и Illustrator-a за претплатниците, но нивната функционалност била ограничена на основно уредување и коментирање меѓу соработниците на проектот.

Новата бесплатна веб-верзија на „Фотошоп“ значајно ќе ги прошири достапните алатки и ќе им овозможи на корисниците да почнат со нови проекти, а ќе им понуди и пристап во напредните алатки.

Scroll to Top