Научници измислија вештачка интелегенција која може да чита мисли

Група научници измислија вештачка интелегенција која може да чита мисли. Се уште не е усовршена, но рекоа дека успеале да ја истренираат и дека технологијата не се разликува премногу од популарниот ChatGPT, кој може да води смислен разговор со некој корисник

Тимот е од Универзитетот во Тексас, а своето истражување го објави во понеделникот во списанието Nature Neuroscience. Нивниот метод користи снимки од магнетни резонанци за да го протолкува она што испитаникот го слуша, говори или замислува.

Ова не е првпат научниците да развијат технологија која може да чита мисли, но е прв успешен метод кој не бара електроди поврзани со мозокот на испитаниците.

AI моделот, наречен GP-1, во моментов е единствената технологија која може кохерентно да го толкува активностите на мозокот. Други техники можат да извлечат збор или кратка фаза, но GPT-1 може да формира сложени описи кои ја објаснуваат суштината на она што испитаникот го мисли.

На пример, еден учесник во студиото ја слушнал снимката на која некој рекол: „Јас немам возачка дозвола. Јазичниот модел ја протолкувал снимката од активноста на мозокот, како „се уште не ни почнала да учи да вози“. Значи, иако не чита мисли, буквално може да препознае за што размислува.

Сето тоа е на основа на протокот на крвта во мозокот. За прецизно читање, барем засега, потребен е медицински метод кој ги следи и другите невролошки активности.

Вештачката интелегенција е тренирана на три волонтери кои поминале 16 часа слушајќи приказни додека престојувале во МР машина, како и на основа на „Редит“ коментари и автобиографија. Ова им овозможи на GTP-1 моделот да ја поврзат активноста на мозокот со зборови и идеи.

Откако го истренирале, на испитаниците им се пуштени нови приказни, а GPT-1 успеал да утврди за што се работи во приказните, односно што испитаниците слушаат. Студијата вклучувала и играње филмови без звук, а слични резултати биле добиени врз основа на визуелната интерпретација на волонтерите.

Сепак, GPT-1 бил најточен кога се обидел да го одгатне што испитаниците слушаат, него за што самостојно размислуваат, што е најверојатно е последица на апстрактна природа на човечките мисли, наместо на конкретните идеи кои се формираат за време на слушање.

Читањето на човечките умови е несомнено најконтроверзната примена на вештачката интелигенција досега, дури ги надминува и првите отпуштања на работници кои ќе бидат заменети со вештачка интелигенција.

Иако тимот на научници замислува дека технологијата ќе се применува на луѓе кои не можат вербално да комуницираат, но самите научници изразија страв дека GPT-1 нема секогаш да се користи на доброволна основа.

Scroll to Top