Научници направија кожа за роботи од човечки клетки која сама расте

Експерти создале кожа за механички тела од човечки клетки, таквата кожа е водоотпорна, може да заздрави и има текстура како човечката.

„Мислам дека живата кожа е совршено решение за да им се даде на роботите изглед и чувство на живи суштества, бидејќи тоа е токму истиот материјал што ги покрива нашите тела“, рече инженерот Шоџи Такеуши од Универзитетот во Токио.

Експертите успешно го обложиле тризглобниот, функционален прст на роботот со прототип на кожа направен во лабораторија.

„Прстот изгледа влажно бидејќи доаѓа директно од медиумот за култура. Бидејќи се напојува со електричен мотор, интересно е да се слушнат механички звуци во прстот кои изгледаат вистински“, рече Такеуши, цитиран од Science Alert.

Научниците претходно се обидоа да стават вистинска кожа на роботи, но наидоа на проблеми. Затоа, јапонските експерти пробаа друг пристап – создавање  кожа која сама се формира на уредот.

„Тешко е да се исече, залепи или шие еквивалент на кожата без да се оштети мекото, кревко ткиво. Наместо тоа, ја натопивме роботската структура во мешавина од колаген и дермални фибробластни клетки, најчестите клетки на сврзното ткиво на кожата“, објаснија истражувачите.

Тие потоа го обложиле овој основен слој со епидермални клетки, главната компонента на нашиот надворешен слој на кожата. Без овој дополнителен слој, ткивото не би било водоотпорно. Иако овој малку лигав материјал може да издржи постојано истегнување и контракција на роботските движења на прстите, сепак е многу послаб од човечката кожа. Научниците веруваат дека тоа можат да го поправат со поголема концентрација на колаген во почетната смеса и подолго созревање на клетките. Интересно е што оваа вештачка кожа може да се излечи и со колагенски завој, кој клетките го земаат и го интегрираат во нивниот состав за да ја поправат штетата.

Иако ова се неверојатни резултати, ткивото растено во лабораторија е сè уште многу ограничено. Не може долго да преживее надвор од смесата со хранливи материи бидејќи, исто како и нашата кожа, бара постојана дистрибуција на вода за да не се исуши.

„Идните истражувања треба да постават канали внатре и под дермисот кои имитираат крвни садови за снабдување на ткивото со вода, како и интегрирање на потните жлезди во еквивалент на кожата“, напишаа научниците, предлагајќи додавање на „нерви“ и сензори за да се овозможи оваа вештачка кожа да има повеќе функции, исто како нашата. 

Scroll to Top