Научници успеаја да одгледаат растенија на почва донесена од Месечината

Истражувачи на Универзитетот во Флорида направија експеримент во кој користеа 12 примероци земја од површината на Месечината, собрани во текот на мисиите Аполо. Станува збор за Аполо мисиите 11, 12 и 17 во период меѓу 1969 и 1972 година. Покрај лунарните, научниците користеле и 16 примероци од вулкански пепел собрани на Земјата, а потоа го споредиле растот на билките во двата примероци.

„Примероците ги проучуваме повеќе од една година и внимателно ги следеле растот и генетскиот состав на билките растени во површините. Резултатите се прилично интересни, но исто така откриле колку е стресно за растенијата да растат на почва поразлична од природните живеалишта на Земјата“, велат истражувачите.

Според научниците, растенијата помогнаа да се утврди дека примероците на почва од Месечината не содржат патогени или други непознати компоненти, штетни за копнениот живот. Заклучокот на истражувањето е дека може да се одгледуваат билки на почва од Месечината, но во споредба со вулканската пепел, лунарната почва многу помалку го поддржува растот на билките, особено ако таа почва била изложена на површината на Месечината.

Лунарната површина често страда од соларни ветрови со различен вид космичко зрачење, а кои нанесуваат штета на почвата така што за билките е погодна површина која е помалку изложена на надворешното опкружување на Месечината.

Најголемиот заклучок на овој експеримент е тоа што научниците сепак успеаја да одгледаат растенија со помош на почва земена од Месечината. Понатамошните истражувања ќе покажат кои билки можат ефикасно да бидат одгледани и како растенијата од Земјата стапуваат во интеракција со почвата од Месечината.

Scroll to Top