Не функционира испраќањето пораки на Инстаграм, корисници од цел свет пријавуваат проблеми

Инстаграм повторно има проблеми, а корисници од различни делови од светот пријавуваат проблеми со испраќањето и примањето директни пораки. Исти проблеми имаат и корисниците на фејсбук-месинџер. Според корисниците, се појавува необичен проблем при кој пораките исчезнуваат штом корисниците ги испратат.

Двете платформи се соочуваат со проблеми повеќе од 12 часа. Проблем пријави и DownDetector, сајт кој ја следи состојбата на веб-сајтовите и пријавува проблеми при функционирањето. Освен проблеми со инбоксот, двете платформи функционираат нормално.

Засега не е позната причината за тоа, ниту колку време е потребно за решавање на проблемите со пораките.

Инстаграм и претходно имаше проблеми во функционирањето, а поголеми пријави од страна на корисниците беа забележани кон крајот на јуни.

Scroll to Top