Нетфликс изгуби четвртина од својата вредност откако ја напушти Русија

Акциите на Нетфликс изгубија четвртина од вредноста откако компанијата откри дека се намалил бројот на нејзините претплатници поради напуштањето на Русија. Ова е првпат во последните десет години водечкиот стриминг телевизиски сервис да изгуби претплатници. Како причина за ова ја наведоа суспензијата на своите услуги во Русија поради инвазијата на Москва врз Украина.

Акциите на Нетфликс паднаа за повеќе од 25 отсто, и достигнаа 258,39 долари.

„Нашите приходи не растат толку брзо колку што би сакале“, вели Нетфликс во деловниот извештај.

Нетфликс го заврши првиот квартал од оваа година со 221,6 милиони претплатници, нешто помалку од последниот квартал од минатата година. Компанијата објави нето приход од 1,6 милијарди долари во неодамна завршениот квартал, што е за 100 милиони долари повеќе од истиот период лани.

Scroll to Top