Најевтиниот и најобичен мобилен телефон со мал екран и голема батерија, со 4Г-поддршка и бежично радио, е „нокиа 110 4 G“. Mобилниот ќе ве чини само 22 евра, а ќе имате сигнал на секое место во светот.
„Нокиа 110 4 G“ е обичен мобилен телефон, кој може да послужи за повици, испраќање СМС-пораки и слушање ФМ-радио, кое може да се слуша без приклучени слушалки.
Подобар е од претходните верзии од 2021 и 2019 година по поубавото куќиште, помодерните бои и подобрата ергономија.
Тоа покажува колку „Нокиа“ е убедена во квалитетот на производството и информациите дека на одредени пазари корисникот ќе го замени стариот со нов телефон уште во првата година од користењето доколку дојде до некакво оштетување.
Списокот на функции вклучува автоматско снимање гласовни повици на пазарите каде што тоа е дозволено, потоа вградена ВГА или 0,3-мегапикселна камера со 640 x 480 пиксели, батериска ламба и блиц во една ЛЕД-диода.
Вклучени се и класични игри, како што се Snake, поддршка за две СИМ-картички, како и ММС и СМС-пораки. Батеријата има капацитет од 1.000 mAh и овозможува да трае еден месец додека е во мирување. Лесно се отстранува и може да се замени со нова кога и да посака корисникот.
Има и microSD-поддршка за картичка со капацитет до 32 GB, а многумина се задоволни и од MP3-плеерот и слушалките со 3,5 mm конекција, кои се вклучени во пакетот со телефонот. Има и полнач и сето тоа по рекордно ниска цена.
Телефонот првин ќе се продава во Индија, каде што и се произведува, а подоцна ќе се најде на продажба и на другите пазари по препорачана малопродажна цена од 22 евра. Ќе може да го изберете во три бои – сина, розова и црна.
Ова е идеален телефон со смартфонот затоа што веројатно има дострел насекаде и ќе ви овозможува да ги примате само исклучително важните известување и да ги прескокнете сите оние што не ви се толку битни.