Нова студија покажа дека децата кои играат видеоигри имаат подобра меморија

Децата кои играат видеоигри три или повеќе часа во денот имаат поголеми и посилни активности на мозокот во деловите поврзани со вниманието и меморијата покажале најновите истражувања.

Често ваквиот тип на активности многумина ги сметаат за шетни за децата. Сметаат дека оние кои се зависни од ваков вид  забава стануваат подепресивни, понасилни и со посилно агресивно однесување. Сепак неодамнешното истражување кое било направено на речиси 2000 деца покажало поинакви резултати.

„Оваа студија придонесе во нашето растечко разменување на поврзаноста на играњето видеоигри и развојот на мозокот“, рече коавторката на студијата Нора Волков, директорката на американскиот Национален институт за злоупотреба на дрога.

„Бројни студии ги поврзуваат видеоигрите со проблематичното однесување и проблемите со менталното здравје. Оваа студија сугерира дека можат да постојат и когнитивни користи поврзани со оваа популарна разонода, што е вредно за понатамошно истражување“, додаде таа.

Истражувачите ги истражуваа когнитивните способности кај 2.000 учесници, кои биле поделени во две групи, оние кои не играат видео игри и оние кои тоа го прават по три или повеќе часа дневно.

Додека ја следеле мозочната активност, процениле дека децата кои играле видеоигри можеле да запаметат повеќе информации и биле побрзи и поточни во решавањето на задачите. Нивниот мозок покажал посилна активност во деловите поврзани со вниманието и меморијата.

„Иако не можеме да бидеме сигурни во резултатите, сепак ова се охрабрувачки истражувања и нешто што треба да продолжиме да го следиме кај овие деца додека преминат во адолесценција“, рече водечкиот автор на студијата Бадер Чарани.
„Многу родители се загрижени за ефектите на видеоигрите кои ги имаат врз здравјето и развојот на децата и бидејќи оваа форма на забава е сè попопуларна меѓу младите, од клучно значење е подобро да ги разбереме и позитивните и негативните ефекти што таквите игри можат да ги имаат“, додаде тој.
Scroll to Top