Пратениците на Европскиот парламент ја изгласаа забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел мотори. Оваа забрана ќе стартува од 2035 година, пренесе smartlife.mondo.rs.
Ваквата одлука е донесена најмногу поради борбата со климатските промени. Европските пратеници сакаат автомобилите да станат нулта загадувачи и во иднина да се возат само електрични. Ова сега доби конкретна форма, имајќи предвид дека оваа иницијатива помина во ЕУ.
Иако новиот закон сè уште во целост не е усвоен, на овој начин се очекува да се забрза транзицијата кон електрични возила на територијата на Европската Унија.
Наводно, европратениците ја поддржаа иницијативата за намалување на емисиите на гасови кои имаат ефект на стаклената градина за 55 отсто до 2030 година, во споредба со емисиите од 1990 година.
Тоа значи намалување на емисијата на овие гасови од индустријата, енергетиката и транспортниот сектор. Европската комисија претходно барала 100% намалување на емисиите на CO2 со нови автомобили до 2035 година. Тоа би ја оневозможило продажбата на возила кои користат фосилни горива, а во меѓувреме се одбиени предлозите за емисијата на јаглен-диоксид, по 2035 година, се намали за 90%.
Законот сè уште не е уважен и не е конечен. Гласањето само го потврди ставот на повеќето во парламентот за претстоечките преговори со членките на Европската Унија за конечниот закон.
Оваа забрана предложена во рамките на широкиот пакет за климатски закони би го забрзала преминот на купување на електрични возила кои имаат нулта емисии на штетни гасови.
Комисијата наведе дека со ревидирање на законот ќе се бара од земјите членки на Европската Унија да се прошири капацитетот за полнење на електрични возила, во рамки на продажбата на автомобили со нулта емисија и дека на главните автопати ќе се инсталираат полначи за електрични возила и станици за полнење во големи интервали.
„Посилните стандарди на емисии на CO2 за автомобили и комбиња ќе го забрзаат преминот кон мобилност со нулта емисии, со барање просечните емисии од новите автомобили да се намалат за 55% од 2030 година и за 100% од 2035 година, во споредба со нивоата од 2021 година.
„Сите нови автомобили регистрирани од 2035 година, ќе имаат нула емисии“, е наведено во документот на Европската комисија.