Паметен часовник кој може да ви го спаси животот

By

Медицинска студија покажа дека откривањето на срцев удар со помош на Apple Watch уредот е технички можно со користење на само EKG-сензорот вграден во моменталните модели.

dobivaj vesti na viber

Срцевиот удар, или инфаркт миокард, настанува кога одредени мускули во срцето не примаат доволно кислород поради блокада на крвотокот. Корисниците на Apple Watch уредот можат да ги откријат симптомите на срцевиот уред, преку овој часовник.

Според истражувањето кое го објави Texas Heart Institute Journal, Apple Watch може да помогне во идентификација на срцевите удари преку сензорот за електрокадиограм.

Паметниот часовник ги дијагностицираше симптомите на инфаркт миокард со помош на EKG-функцијата која е достапна на моделите на сериите 4,5,6, и 7.

Како што е наведено во истражувањето, иако Apple Watch не може да го открие срцевиот удар, со прикажување на предупредувањата при читањето на EKG, уредот е во состојба прецизно да го процени ризикот од срцев удар откако ќе се појават првите симптоми.

 

 

Ќе ви се допадне