По 27 години, „Интернет експлорер“ и официјално заминува во историјата

По речиси три децении, пребарувачот „Експлорер“ ѝ официјално заминува во историјата. Тој ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативниот систем Windows 10. Во неговата надоградба Windows 11, објавен минатата година, не беше ни вклучен.

„Интернет експлорерот“ за првпат се појави во 1995 година, како дел од оперативниот систем Widows 95. Microsoft во 2016 година престана да го развива на сметка на својот нов прелистувач, Edge. Експлорер некогаш важеше за најкористениот интернет-пребарувач, а на врвот се најде во 2003 година, со 95% од уделот на пазарот.

Оние кои го користеа на своите компјутери по дома, во училиштата и канцелариите во деведесеттите години и почетокот на 2000, имаат убави спомени од него, велат експертите. За милиони ширум светот, тој служеше како вистински премин до големиот интернет.

Тоа беше единствениот начин да се пристапи до популарните денешни пребарувачи на кои сме сите навикнати. Токму затоа корисниците на интернет сега стануваат носталгични.

Еден корисник напиша: „Последен поздрав до ‘Интернет експлорер’. Поддршката ќе заврши на 15 јуни, оваа година. Како мој прв прозорец на интернет, ми донесете многу среќни спомени. Ќе се обидам да го преземам на Win11, само поради носталгија. Збогум. Можеби никогаш повеќе нема да се видиме“.

„Се чувствувам лошо што Мајкрософт го гаси ‘Интернет експлорер’, но во исто време, се прашувам кој воопшто го користи? Претпоставувам дека така се чувствувам поради носталгијата“, напишал друг.

Неговата употреба е значително намалена со лансирањето на Firefox (2004), Google Chrome (2008) и зголемената популарност на мобилните оперативни системи, како што се Android и iOS, кои не поддржуваат Internet Explorer.

Scroll to Top