Поради проблеми со моторот на ракетата, НАСА ја одложи мисијата „Артемис 1“

Поради проблеми со моторот на ракетата, НАСА ја одложи мисијата „Артемис 1“. Првиот следен термин кога би можело да се лансира е петок, но зависи од тоа дали техничарите ќе успеат да ги решат сите проблеми.

Ракетата од 98 метри е најмоќна која НАСА некогаш ја направила. Помоќна е и од „Сатурн V“, која ги однесе астронаутите со „Аполо“ на „Месечината“.

Лансирањето ќе биде првиот лет во програмата на „НАСА“ за истражување на Месечината од 21 век, наречена Артемида, по митолошката сестра близначка на Аполо.

Scroll to Top