Робот му скрши прст на дете за време на шаховски натпревар

Седумгодишно момче е повредено за време на шаховскиот дуел кој го играл против робот. Несреќата се случила на турнир што се одржувал во Москва.

Организаторите соопштија дека момчето се обидело пред време да го изигра својот потег и така се повредил. Иако прстот му бил скршен, младиот шахист сепак го завршил натпреварот, но неговите родители сега подготвуваат тужба против организаторот.

„Роботот му го скрши прстот на момчето и тоа е очигледно лоша работа. Момчето направи потег, но требаше да му даде време на роботот да одговори. Сепак, тој побрза и роботот го фати“, изјави Сергеј Лазарев, претседател на Московската шаховска федерација.

Scroll to Top