Робот вработен во градската управа паднал по скали и престанал да работи, случајот опишан како прво самоубиство на робот

Веста за првото „самоубиство“ на робот во Јужна Кореја ги шокираше локалните медиуми и покрена прашања за придобивките од вештачката интелигенција на работното место.

Инцидентот бил пријавен во градскиот совет на Гуми во средата, откако било откриено дека нивниот прв робот, кој бил административен асистент, паднал по скалите и престанал да работи.

Како што пренесува CNA, роботот престанал да дава знаци на „живот“ откако минатата недела паднал од висина од два метри.

Очевидци наводно го виделе како кружи на едно место пред падот, а точната причина се уште не е позната, изјави претставник на градскиот совет за АФП.

Роботот активно учествуваше во секојдневното доставување документи, промоција на градот и информирање на локалното население. Информациите на АФП сугерираат дека во моментов нема планови за замена на роботот, кој стана составен дел од градскиот совет.

Scroll to Top