Роботи-полицајци патролираат на улиците на Сингапур

Владата на Сингапур неодамна објави дека роботи-полицајци патролираат на јавните површини каде што има голема фреквенција на луѓе за да ѝ се олесни работата на полицијата во зајакнувањето на јавното здравје и безбедност. Роботите имаат камери и сензори преку кои го известуваат командниот центар за пушење на забранети места, нелегални улични продавачи или за неправилно паркирани велосипеди и мотори.

„По секое прекршување на правилата, роботот пренесува соодветна едукативна порака за да се спречи таквото однесување“, изјавија градските власти.

Scroll to Top