Русија ги забрани Фејсбук и Инстаграм, може да се вратат откако ќе им се извинат на сите Руси

Русија би можела да ги одблокира „Фејсбук“ и „Инстаграм“, само откако ќе им се извинат на сите Руси, рече рускиот пратеник Антон Горелкин.

Русија претходни го забрани „Инстаграм“, кој е во сопственост на компанијата „Мета“, а која Русија ја означи како екстремистичка.

„Прво оваа социјална мрежа мора да ја промени својата политика да ги блокира сите повици на нашите граѓани и мои сограѓани. Второ, треба да им се извини на граѓаните“, рече заменик шефот на Комитетот за информациона политика, на Државната дума, пренесе руската агенција TASS.

Во спротивно, социјалната мрежа нема да може да води конструктивни разговори со рускиот регулатор за било што, па ни за враќањето во Русија, додаде тој.

Москва на 21 март ја означи работата на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ како екстремистичка и им забрани да се појавуваат во Русија, затоа што мрежата соопшти дека нема да ги избрише повиците за нереди во Русија, повидите за убиство на руски политичари, па и на самиот Путин.

Од друга страна ги цензурираа вестите кои доаѓаа од оваа земја.

„Мета“ доби забрана да отвора канцеларии и објавува комерцијални активности во Русија. Генерално обвинителството смета дека активностите на „Мета“ се непријателски кон Русија и нејзините вооружени сили.

Обвинителството ја изнесе „Мета“ пред суд, откако таа привремено дозволи на своите корисници во некои од земјите, да објавуваат информации кои содржат повици на насилства над Русите. Рускиот истражен комитет покрена и кривична истрага за повиците на насилство и убиство над Русите.

 

 

Scroll to Top