Се гаси Тики, индискиот клон на Тик ток

Индиската апликација за кратки видеа Тики ќе згасне, рекоа од компанијата чие седиште се наоѓа во Индија и Сингапур. Оваа апликација популарна во средината на 2020 година кога во Индија беше забранет Тик Ток. Сега од компанијата велат дека наишле на сериозни проблеми.

Оттаму велат дека ќе престанат со работа на 27 јуни. Од компанијата објаснија дека се соочуваат со пречки во технолошкиот сектор и дека главниот проблем бил недостаток на интерес кај корисниците.

Според извештаите на TechCrunch, Тики имале над 35 милиони активни корисници месечно и тоа само во Индија. Оттаму велат дека имаат потешкотии да го стабилизираат бизнисот.

Како причина за згаснувањето ги наведоа неодамнешните проблеми со кои се соочува технолошкиот сектор. Се јавиле и други проблеми. Во септември 2022 година, консултантската компанија Redseer проценила дека компанијата на индискиот пазар ќе достигне само 19 милијарди долари до 2030 година.

За потсетување, индиската апликација за кратки видеа добија на популарност откако Тик ток беше забранет во Индија во средината на 2020 година. Иако некои од корисниците станаа вирални, три години подоцна, јасно е дека пазарот се консолидира и нема да преживеат сите апликации.

Набргу потоа, се појавија шпекулации дека YouTube и Instagram би можеле да бидат подобро позиционирани и да го искористат овој раст, наместо локалните индиски апликации.

 

 

Scroll to Top