Совети како да откриете дали на автомобилите им е вратена километражата

Уредникот и водител на емисијата SAT, Младен Алвировиќ откри како можете да дознаете дали на автомобилите кои сакате да ги купите сопственикот претходно им ја вратил километражата.

Алвировиќ ги откри триковите што ги користат оние кои сакаат да ги измамат купувачите на половни автомобили. Рече дека се консултирал и со адвокат за да дознае дали враќањето на километражата е кривично дело и дали по закон сторителот е одговорен за тоа.

Алвировиќ вели дека адвокатот му кажал дека одговорноста за ова кривично дело ја сноси сопственикот на автомобилот и оној кој ја вратил километражата. Доколку се утврди дека километражата е вратена, купецот може да го поништи купопродажниот договор и да бара да му бидат вратени парите.

Проценителот на автомобили Милан Каран им даде на гледачите корисни совети како самите да проверат дали постои можност на автомобилите кои ги купиле им е вратена километражата. Објасни дека мора да се обрне внимание на состојбата на воланот.

„Она што луѓето мораат да гледаат е состојбата на возилата. Да видат дали се во согласност со километражата. Може да се погледне и внатрешноста, ентериерот и деловите кои се трошат при секојдневно возење. На пример, можете да го погледнете обрачот на воланот. Ако возилото поминало над 50.000 километри, не е вообичаено да се носи. Исто така ако возилото поминало над 120.000 километри, не е вообичаено обрачот на воланот биде како нов. Ако обрачот на воланот е нов, а пишува дека автомобилот поминал повеќе од 120.000 километри, тогаш нешто не е во ред и треба да се истражи. Истото важи и за другите делови кои се во секојдневна употреба. Рачката на менувачот, педалите, делот под патосниците, седиштата, како и прекинувачите кои исто така се користат секој ден. Најдобро би било автомобилот да има електронска сервисна книшка од овластен сервисер. Тоа може да се утврди и со хартиени сервисни книшки, но, тие лесно се фалсификуваат, па со самото тоа не ја претставуваат вистинската состојба на возилото“, рече Карен.

Многу продавачи на половни автомобили исто така се соочуваат со овој проблем, па интересно е да се слушне како тие се снаоѓаат во вакви ситуации. Еден од соговорниците на Алвировиќ, продавач на половни автомобили, рече дека тие купуваат автомобили од лизинг компании, кои им даваат ревизорски извештај за секој автомобил во кој пишува колку километри автомобилот поминува и на основа на тоа купците гарантираат дека километражата не е вратена.

 

Scroll to Top