Телескопот на шпанскиот остров Ла Палма ќе набљудува 1.000 ѕвезди на час

Научниците го опремија еден од најмоќните телескопи на Земјата со новата технологија „Вив“, која ќе открие до невидени детали како настанала галаксијата Млечен Пат.

Телескопот Вилијам Хершел лоциран на шпанскиот остров Ла Палма ќе може да набљудува 1.000 ѕвезди на час, додека не мапира пет милиони ѕвезди. Супербрзиот уред за мапирање прикачен на телескопот ќе го анализира составот на секоја ѕвезда и брзината со која таа се движи. Исто така, ќе покаже како Млечниот пат е создаден во текот на милијарди години.

Професорот од Универзитетот во Оксфорд, Гевин Далтон, потроши повеќе од 10 години развивајќи го новиот инструмент, познат како „Вив“ и рече дека е многу возбуден што се е подготвено.

„Ова е фантастично достигнување на многумина кои го направија ова да се случи и прекрасно е да се види дека сето тоа функционира. Следниот чекор е нова авантура“, изјави Далто.

„Вив“ е инсталиран на телескопот, кој се наоѓа високо на планинскиот врв Ла Палма. Има 80.000 делови и е инженерско чудо.

Scroll to Top