„Тик-ток“ воведува нова опција која ќе ги блокира содржините за одредена категорија корисници

„Тик-ток“ во текот на следните неколку недели ќе може да стави збор или хаштаг на црна листа. По критиките дека оваа социјална мрежа им овозможува на тинејџерите да гледаат несоодветни видеа, „Тик-ток“ сега им дава на родителите два начина да го ограничат пристапот на нивните деца до содржини за возрасни. Апликацијата воведува две нови опции, едната што овозможува забрана на одредени фрази и хаштагови и другата што ја прилагодува содржината на возраста на корисникот.

Новите функции се дизајнирани да им овозможат на корисниците поголема контрола врз голем број видеа, притоа спречувајќи ги несаканите и несоодветни видеа да им бидат достапни на тинејџерите.

За разлика од платформите како Јутјуб и Вимео, видеата на „Тик-ток“ се репродуцираат автоматски. Досега беше вообичаено корисниците на возраст од 13 години да можат да гледаат содржина за возрасни генерирана од алгоритам.

„’Тик-ток’ не успева да ги заштити децата и тинејџерите од скриено рекламирање и потенцијално штетна содржина“, напиша Европската асоцијација на потрошувачи во февруари во жалбата до Европската Унија.

Видеата сега може да бидат означени како „незаинтересирани“, но тоа само значи дека другите видеа објавени од истиот корисник ќе бидат прескокнати. Со воведување старосно ограничување, „Тик-ток“ сега има намера да ја класифицира содржината во смисла на соодветност за помладите корисници. Социјалната мрежа вели дека ќе блокира објава за корисници под 18 години доколку утврди дека видеото содржи комплексни теми или фиктивни сцени премногу интензивни или застрашувачки за помладите корисници. Популарната социјална мрежа објави дека системот за блокирање ќе биде воведен во текот на следните неколку месеци. Од новите корисници се бара да ја внесат годината на раѓање и мора да имаат најмалку 13 години. Доколку родителите ја инсталираат апликацијата на својот паметен телефон, можат да ја активираат опцијата нивното дете да се приклучи на нивниот профил.

Scroll to Top