Тојота е најпродаван автомобил во светот

Компанијата JATO Dynamics го објави глобалниот извештај за продажба од минатата 2022 година, кога во светот има продадено вкупно 79,4 милиони нови автомобили.

Овој број претставува пад од два проценти во однос на 2021 година, во клучните пазари како што е Северна Америка, Европа и Кина, кои бележат пад во 2022 година.

Од друга страна, пазарите во развој како оние во Индија, Блискиот исток, Југоисточна Азија и Африка се регистрирани со пораст речиси во целост, надокнадувајќи го падот во другите региони.

Но, ова е најинтересниот податок во извештајот. Според податоци до кои дојде JATO, Toyota RAV4 минатата година бил најпродавниот модел на светот со продадени повеќе од милион, односно 1.016.000 испорачани единици на клиенти, од кои 43% од автомобилите се продадени во САД и Канада.

Scroll to Top